Нема инвеститор за градење на големите хидроцентрали на Црна Река, Чебрен и Галиште. До вчера кога беше крајниот рок, ниту една понуда не пристигна на седмиот тендер за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од Чебрен и Галиште. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека до нивната Комисија за избор на најповолен понудувач не аплицирала ниту една компанија. Токму затоа ресорното министерство ќе ја информира Владата која треба да допрецизира што понатаму. Интерес за инвестирање досега пројавија од "Балкан енерџи груп", грчката "Паблик пауер корпорејшн" и една турска компанија. Според условите на тендерот, заинтересираните инвеститори ќе треба да инвестираат заедно со ЕЛЕМ, а уделот на домашната компанија не смее да биде понизок од 39%. Сепак секоја од овие хидроелектрани ќе работат како независни производители на струја на домашниот и странскиот пазар.
Нема инвеститор за градење на големите хидроцентрали на Црна Река, Чебрен и Галиште.
До вчера кога беше крајниот рок, ниту една понуда не пристигна на седмиот тендер за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од Чебрен и Галиште. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека до нивната Комисија за избор на најповолен понудувач не аплицирала ниту една компанија. Токму затоа ресорното министерство ќе ја информира Владата која треба да допрецизира што понатаму.
Интерес за инвестирање досега пројавија од "Балкан енерџи груп", грчката "Паблик пауер корпорејшн" и една турска компанија. Според условите на тендерот, заинтересираните инвеститори ќе треба да инвестираат заедно со ЕЛЕМ, а уделот на домашната компанија не смее да биде понизок од 39%. Сепак секоја од овие хидроелектрани ќе работат како независни производители на струја на домашниот и странскиот пазар. Изборот требаше да се реализира кај оној понудувач што ќе понуди највисок процент на влог на ЕЛЕМ. Вредноста на ХЕЦ-Чебрен се проценува на околу 318 милиони евра, додека на Галиште на околу 200 милиони евра.